Клубот се формира во месец Октомври 2012 год. со седиште во Прилеп, Р.Македонија од моторџии кој одделувајќи се од друг веќе постоечки МС клуб во кој членуваа како огранок, и кој воедно први го формираа како оснивачи и членови во истиот уште од 2008 год. кога започна да функционира како МК, а за потоа во 2010 да ги прифати есенцијалните вредности на традиционален МС клуб. Почитувајќи го бајкерскиот кодекс, нема да образложуваме што и како, едноставно од наша страна како огранок поради непостоење на внатрешната комуникација испочитувајќи го морално-етичкиот кодекс на човечноста после долги дискусии решивме да ставиме крај на таа историја и започнеме нова страница во книгата на асфалтот. Свесно прифаќајќи ги сите позитивни и негативни појави поради нашата одлука, како моторџии со искуство и традиција се одлучивме да го формираме “SONS of THUNDER MC”.Всушност се што ни се случува не е случајно, ни се случува за да уочиме што не е добро, а што е добро и да се определиме за тоа.